Франција победи на овогодишната детска Евровизија - слушнете ја J'imagine



Годинава се одржа 18-тото издание на детската Евровизија, и тоа во Варшава, Полска, а поради пандемијата настанот беше организиран навистина интересно. Наместо учесниците да настапуваат во живо, тие испратија снимки од настапите снимени во нивната држава. Жирито и водителите беа во студио во Варшава, почитувајќи ги мерките за дистанцирање. Годинава немаше публика која го следеше настанот во живо, туку само телевизиски пренос. Од 12-те држави кои учествуваа, победата ѝ припадна на Франција. 11-годишната Валентина Тронел ја претставуваше нејзината земја со песната J’imagine. На второто место се најде Каракат Башанова од Казахстан, а на третото Солеа од Шпанија.

The HWD Facebook commenting plugin is not published