Холограми, луксузни патувања, автомобили - какви сè подароци си купуваат Кардашијанс?
Кардашијанс никогаш не испуштаат можност да покажат колку се богати, а можеби најдобро го прикажуваат тоа со нивните подароци. Децата на сестрите Кардашијан-Џенер добиваат накит и облека што вредат илјадници долари, без разлика што повеќето уште не одат ни на училиште. Изгледа и Канје сфатил дека овие жени се навикнати само на луксузни и скапи подароци, па за последниот роденден ѝ подари на Ким холограм од нејзиниот татко.