Како принцезата Дијана влијае врз денешната мода две децении по нејзината смрт?
Од венчаницата дизајнирана од Дејвид и Елизабет Емануел, па сè до таканаречениот „фустан за одмазда“ што го носеше после разделбата со Чарлс, Дијана имаше многу модни моменти што ќе се помнат уште долго. Но знаевте ли дека пред да стане дел од кралското семејство, Дијана поседувала само 3-4 парчиња облека. Останатата облека всушност ја делела со неколку нејзини цимерки. Откако се венча со Чарлс, Дијана без двоумење прекрши многу правила кога станува збор за облека и на секое појавување во јавноста изгледаше беспрекорно. Сега, повеќе од две децении по нејзината смрт, Дијана уште важи за модна икона и многу девојки и жени црпат инспирација токму од неа.