Како да ги исчистите загорените тави и стариот кујнски прибор?
Во секој дом има барем една загорена тава која се чини дека ништо и никој не може да ја исчисти. Но всушност постојат неколку трикови за чистење што ќе ви помогнат да ги спасите загорените тави. Во ова видео можете да погледнете како темелно да ги исчистите тавите и тенџерињата, како да го отстраните бигорот од чашите, но и како добро да го исчистите стариот кујнски прибор.