Оваа празнична сезона поврзете се со детето во себе - погледнете ја божиќната реклама на McDonald's
Од McDonald’s во Велика Британија ја споделија овогодишната божиќна реклама, насловена „Внатрешно дете“, која веднаш ќе ве освои. 90-минутното анимирано видео раскажува за еден тинејџер и битката што ја води со неговото внатрешно дете. Во видеото, мајката на тинејџерот се обидува да го натера да ужива во празничната атмосфера и додека негово внатрешно дете се радува на секој предлог, тој само се мурти. Но, на крај, мајката успева во нејзината цел. Како што велат од маркетинг тимот на ресторанот, во видеото е прикажанo неизбежното растење на децата, но и нивото поврзување со внатрешното дете благодарение на празничната сезона.