Најпознатите митови за акните - што е вистина, а што лага?
За жал, акните се проблем кој не поминува со пубертетот и многу луѓе се соочуваат со нив и подоцна во животот. Бидејќи акните се навистина честа појава кај возрасните, нормално е што за нив кружат секакви митови. Но некогаш овие митови можат само да ви наштетат и дополнително да ја влошат состојбата на вашето лице. Ако имате акни и никако не можете да се ослободите од нив, можеби најдобро е да одите на дерматолог. Но дури да го направите тоа, добро би било да го погледнете видеото и да дознаете кои од митовите се вистина, а кои само лага.