Татко ѝ ја запалил куќата додека мајка ѝ била внатре - тажната животна приказна на Ники Минаж



Со нејзината импресивна музичка кариера и бројните награди и достигнувања, лесно е да помислите дека животот на Ники Минаж е совршен. Можеби пејачката денес конечно го има она за коешто отсекогаш сонувала, но нејзиното детство било далеку од совршено. Кога имала само пет години, родителите ја оставиле да живее со нејзината баба, додека тие се обидувале да најдат работа во САД. Ники останала без нив цели две години. Кога конечно почнала да живее со нив, ситуацијата во нивното семејство почнала да се влошува. Татко ѝ имал проблеми со дрога и алкохол и бил толку насилен, што еднаш ја запалил куќата додека мајка ѝ уште била внатре…

The HWD Facebook commenting plugin is not published