Од милионски долгови до најбогат музичар - Како Канје Вест успеа да стане милијардер?
Пред само пет години, Канје Вест ѝ соопшти на јавноста дека има долг од 53 милиони и дека е пред банкрот. Тогаш раперот дури го замоли Марк Зукерберг, основачот на Facebook, да инвестира милијарда долари во неговите идеи. Јавноста го гледаше Канје со потсмев но сега, во 2020-та, тој успеа да стане најбогатиот музичар во светот. Според Forbes, раперот има околу 1,3 милијарди долари, а самиот тој тврди дека веќе стигнал до 3 милијарди. Дури и да лаже, Канје сепак се наоѓа на врвот, а во ова видео можете да погледнете како стигнал дотаму.