Како изгледа денес мускулестото дете кое го нарекуваа „Херкул“?
Се сеќавате ли на детенцето кое си го доби прекарот „Херкул“ поради неговите мускули? На почетокот на 2000-тите Ричард Сандрак стана познат како најсилното и најмускулестото дете во светот. Тогаш тој не беше ни тинејџер, но вежбаше понапорно од возрасен бодибилдер. Денес Ричард е пораснат и уште пред неколку години решил да се откаже од бодибилдингот, најмногу бидејќи воопшто не уживал во тоа. Всушност, уште тогаш се појавија гласини дека неговите родители го тераат да вежба, најверојатно поради желба за популарност…