Омилените ликови од детството се враќаат на големото платно - погледнете го трејлерот за новиот филм со Том и Џери
Омилените ликови од детството, Том и Џери, се враќаат на големото платно со филм чија премиера е закажана за следната година. Овој проект е комбинација од игран филм и анимација, а главните ликови се Том и Џери. Филмот е на студиото Warner Bros. и неодамна беше објавен првиот трејлер. Последен пат ликовите на Том и Џери беа дел од филмски проект во далечната 1992-ра, со анимираниот филм насловен Tom and Jerry: The Movie.