Зошто Аријана Гранде секогаш ја носи истата фризура?
Аријана Гранде е активна на музичката сцена веќе неколку години, а речиси и да го нема променето нејзиниот изглед. Најпрепознатливиот детаљ во изгледот на Аријана е нејзината фризура – косата скоро секогаш ѝ е собрана во високо опавче. Интересно е што таа почнала да ја носи оваа фризура бидејќи нејзината коса била премногу оштетена. Додека глумеше во една серија, младата пејачка морала постојано да ја фарба косата – на секои две недели – па на крај немала избор освен да ја собира во опавче.