Позајмување пари, огромни долгови - Колку всушност е богат Доналд Трамп?
Со децении Доналд Трамп се обидува да се прикаже како многу богат бизнисмен, но изгледа неговото богатство не е толку големо колку што тврди. Иако тој тврди дека самиот ги заработил неговите пари, постојат извори кои тврдат дека позајмил огромна сума од татко му кога сакал да почне свој бизнис. А, пред неколку години, тој и самиот изјави дека позајмил над 9 милиони долари за да се спаси од банкрот. За Трамп е познато дека има неколку пропаднати бизниси што сигурно го чинеле многу, па многумина се прашуваат колку всушност е богат овој човек.