Најчудните правила што треба да ги следи првата дама на САД
Иако ни се чии дека животот на првата дама на САД е прекрасен, овие жени немаат многу голема слобода. Постојат одредени правила кои мораат да ги следат за да ја зачуваат традицијата, но и имиџот на нивното семејство. Знаеме дека претседателот на САД и неговото семејство живеат во Белата куќа, но откако ќе се вселат, тие немаат слобода да ја уредуваат како што сакаат. Ако првата дама на САД посака да промени нешто во куќата, прво мора да добие посебна дозвола. Истовремено, зa некои простории од куќата не смеe ни да помисли да ги менувa.