Џони Деп и Амбер не се единствените - најконтроверзните судски спорови на славните
Периодов најзборуван е судскиот спор помеѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Неодамна, во еден од нивните случаи, судот пресуди во корист на Амбер – нешто што разгневи многу фанови. Врската на познатите актери беше навистина бурна, а сега и двајцата се обвинуваат еден со друг за физичко и психичко малтретирање. Некои стојат на страната на Амбер, но повеќето се цврсто убедени дека таа лаже и дека Џони ја заслужува неговата правда. Но, нивниот случај не е единствен во Холивуд. Во светот на славните редовно има судски спорови, дури и поконтроверзни и почудни од овој…