8-годишно девојче си игра со нејзините необични миленичиња - две огромни змии
Повеќето луѓе не сакаат ни да им се приближат на змиите, а уште помалку да ги чуваат како миленичиња. Но, ова не важи за 8-годишната Еми. Ова девојче има две змии, Сони и Шер, кои ги чува речиси целиот живот. Едната змија е 8, а другата 7 години. Во ова виде, пак, можете да погледнете како девојчето си игра и ги гали змиите и очигледно не чувствува никаков страв.