Бело, детето познато како „вистинскиот Тарзан“ и уште 9 деца кои биле „израснати“ од животни
Сите ги знаеме приказните за Тарзан и Могли, но знаевте ли дека постојат вистински деца кои биле израснати од животни? На пример, после сплет на околности, Иван Мишуков кој бил роден во село во близина на Москва, пораснал со кучиња и станал лидер на цела глутница. Марија Чапман, пак, била киднапирана и напуштена во шума во Колумбија кога имала едвај 4 години, но набрзо се зближила со група мајмуни кои ѝ станале еден вид семејство.