7 знаци дека некоја сакана личност страда од анксиозност
На луѓето кои страдаат од анксиозност им е потребна сета поддршка од најблиските, но проблемот е што неретко тие избегнуваат да зборуваат за ова. Како повеќето психички проблеми, и анксиозноста уште претставува табу, па плашејќи се дека некој ќе ги осуди, оние кои страдаат не кажуваат ништо. Затоа, добро би било да знаете кои се скриените знаци што покажуваат дека некоја личност страда од анксиозност. На овој начин ќе можете да ја понудите вашата помош и да ѝ покажете на личноста дека не е сама во нејзината борба.