Каде се и што прават денес поранешните девојки на принцот Хари?
Пред Меган Маркл да го освои принцот Хари, тој имаше неколку врски со други девојки, а за дел од нив знаеше целата јавност. Една од најпознатите поранешни девојки на Хари е Натали Пинкам, со која беше во кратка врска во 2003-та. Таа и Хари се запознале во 1999-та, а после разделбата останале добри пријатели. Според некои извори, тие уште биле во контакт, па наводно, Натали била изненадена кога не добила покана за свадбата на Меган и Хари.