Речиси ништо не може да го издржи притисокот на водата - Што се крие во најдлабоките делови од океаните?
Колку подлабоко одите во океан или море, толку поголем станува притисокот, а бидејќи нашите тела не се воопшто адаптирани на тоа, сме успеале да истражиме само многу мал дел од океаните. Истовремено, кога ќе земете предвид за колкава површина станува збор, јасно дека ќе помине уште многу време пред да ги откриеме сите тајни на океаните. Сепак, со подморници и роботи, научниците успеваат да добијат некакви податоци и за најдлабоките точки во океанот. Ова видео е 3Д анимација која ќе ве однесе од површината на океанот, до неговата најдлабока точка, а по пат ќе дознаете што сè се крие на секоја длабочина.