Како да престанете да се грижите што мислат другите за вас?



Нашата желба да ги импресионираме другите како да се зголеми со прославувањето на социјалните мрежи. Иако на сите ни е јасно дека Instagram не е реалност, многу луѓе сепак се споредуваат и си поставуваат нереални стандарди за тоа како треба да изгледаат или каков треба да им биде животот. Истовремено, повеќето постојано чувствуваат притисок да бидат совршени и премногу се грижат за она што другите го мислат за нив. Како резултат на сето ова, страда самодовербата, но и менталното здравје. Се јавуваат несигурност, анксиозност, а во некои случаи и депресија. Па, како да престанете да се грижите што мислат другите за вас? Погледнете го видеото и дознајте.

The HWD Facebook commenting plugin is not published