„Никогаш не фрлам стара облека - ја преправам“ - принцот Чарлс зборува за одржливата мода и неговиот стил



Кога станува збор за облека, мотото на принцот Чарлс е „Купи еднаш, но купи квалитетно“. За принцот е познато дека се грижи за загадување на околината, а тоа го покажува и со облеката што ја носи. Иако тој може да си дозволи секој ден да носи нова облека, принцот вели дека никогаш не ја фрла старата облека и ако некое парче е скинато или изгледа износено, тој го носи на шивач кој го преправа. Во ова видео, направено во соработка со Vogue, принцот споделува дека го мрази непотребното фрлање, без разлика дали станува збор за храна, облека или нешто друго. Погледнете го видеото и дознајте што има да каже принцот Чарлс за одржливата мода, но и неговиот безвременски стил.

The HWD Facebook commenting plugin is not published