Како изгледа кога Американка првпат пробува ракија?



Владислав Милановиќ потекнува од Србија, но сега живее во САД, заедно со неговата сопруга Меј која е Американка. Младот пар има YouTube канал на кој споделуваат видеа од нивниот живот, и кој веќе го следат над 30.000 корисници. Едно од нивните поинтересни видеа беше објавено пред околу еден месец, а во него Меј пробува храна од Србија и Балканот. Бидејќи ракијата е еден од најпознатите пијалаци од регионов, Владислав ја искористил можноста да ја натера Меј да ја проба. Уште поинтересно во целата ситуација е што тој ја убедува Меј да ја испие ракијата на „екс“, а нејзината реакција е навистина смешна. Видеото е подолго и вреди да го изгледате, но ако немате многу време, моментот со пиењето ракија е околу 16-тата минута.

The HWD Facebook commenting plugin is not published