Презервативи, брза храна - работи што не се продаваат во Северна Кореја
Јутуберката Јеонми Парк е родена во Северна Кореја и успеала да избега од таму. Таа има објавено книга за нејзиното искуство, а на нејзиниот YouTube канал открива што навистина се случува во оваа затворена земја. Јеонми го направила и ова видео, во кое зборува за нештата кои или воопшто не се продаваат во Северна Кореја, или им се достапни само на многу мал број луѓе – најчесто оние кои се богати и имаат некаква политичка моќ. Според неа, во Северна Кореја не можете да најдете презервативи, а за поголемиот дел од населението не се достапни никакви средства за контрацепција. Во оваа држава нема ни хигиенски продукти за жени, како влошки и тампони, а повеќето не знаат што е тоа брза храна.