Како да го активирате мозокот кога ви треба малку поттик за работа?
Науката покажала дека нашата продуктивност се намалува кога користиме премногу електронски уреди, без разлика дали за работа или за забава. Кога ќе земете предвид дека смартфоните само ни го одвлекуваат вниманието, јасно е зоштоѓ страда нашата продуктивност. Па кога сте во таква положба, што можете да направите за да го активирате мозокот и да најдете мотивација за работа? Ова видео нуди неколку совети кои дефинитивно ќе ви бидат од помош. На пример, кога имате проблеми со концентрацијата, не се обидувајте да завршите повеќе обврски одеднаш. Подобро фокусирајте се само на една.