Уште еден бизарен TikTok тренд - луѓето ставаат супер лепак на забите
Бидејќи наближува Ноќта на вештерките, TikTok e преплавен со идеи и туторијали за маскирање. Но, токму поради ова, на социјалната мрежа се појави уште еден бизарен тренд – луѓето почнаа да си лепат „вампирски“ заби на нивните, и тоа со супер лепак. Дури кога посакувале да ги извадат, сфаќале дека не можат, па многумина завршиле и на заболекар.