Најгласно предење, најдолго крзно - мачки кои се светски рекордери
Мачките се животни кои имаат многу вештини, а некои од нив успеале да срушат и рекорди. Знаевте ли дека едно маче по име Мерлин го држи рекордот за најгласно предење? Мачето ѝ припаѓа на жена од Англија, а неговото предење е толку гласно, што може да се слушне и од друга просторија. Рекордот за најстара жива мачка му припаѓа на мачор кој бил роден во далечната 1989-та, што значи дека денес има дури 31 година…