Отров од змии, убод од пчела - најлудите методи за подмладување на славните
Изгледа дека некои славни се подготвени да пробаат буквално сè за да го задржат младешкиот изглед. Некои од нив, иако имаат пари, не даваат илјадници долари за третмани. Но, постојат и оние кои плаќаат и повисоки суми, и тоа за навистина бизарни третмани за подмладување. Од екстремно затегање на кожата на лицето, па сè до отров од змии и убод од пчели, погледнете кои се најлудите третмани за подмладување што ги користат славните.