Неверојатната приказна на Миртл Корбин - девојчето родено со 4 нозе
Миртл Корбин била родена на 5-ти декември 1868-ма година. Породувањето поминало без проблеми и Миртл била девојче со одлично здравје. Но, таа се родила со четири нозе. Бидејќи бременоста поминала одлично, мајката и таткото на Миртл не ни помислувале дека нивото девојче ќе има некаков проблем. Тој период немало како да го видат бебето, па четирите нозе биле вистинско изненадување и за лекарите, и за родителите. Лекарите веднаш почнале да ја бараат причината за овој деформитет. Бидејќи медицината била далеку од напредна, лекарите се убедиле дека причината е големата возрасна разлика на родителите.