„Обични“ луѓе кои се прославија од најчудните причини
Многу луѓе сонуваат да бидат славни, а голем дел од нив работат напорно за да ја постигнат оваа цел. Но, за некои луѓе, славата доаѓа неочекувано и тие се прославуваат без воопшто да се обидат да го направат тоа. Досега сигурно сте налетале на барем едно видеото од готвачот од Турција кој стана познат како Salt bae. Тој со години ја работи истата работа, но стана вистински хит откако се прослави видео на кое покажува како го посолува месото. Набрзо, неговиот ресторан стана омилена дестинација за туристите, а готвачот може да се пофали и со огромна популарност на Instagram.