Користела дрога уште во детството - мрачното минато на Дру Баримор
Дру Баримор стана позната уште во детството, откако се појави во култниот филм E.T. За жал, славата на толку рана возраст ѝ донела многу проблеми. Актерката избегнуваше да зборува за нејзиното проблематично минато, но сега конечно почна да се отвора за тоа. Актерката има изјавено дека нејзината мајка ја носела по ноќни клубови уште на 9-годишна возраст, а тој период почнала да користи и наркотици. Набрзо, уште пред да стане тинејџерка, Дру си доби лоша репутација во Холивуд, па никој не сакаше да соработува со неа, и покрај неверојатниот талент.