Жена без раце станала пилот - неверојатни луѓе кои докажуваат дека ништо не е невозможно
Ако сметате дека вашите соништа се недостижни, тогаш луѓето на оваа листа сигурно ќе ви дадат барем малку надеж. Една жена по име Џесика Кокс била родена без раце. Ова било изненадување и за родителите, и за лекарите, бидејќи во текот на бременоста не биле забележани никакви проблеми. Рoдителите на Џесика се погрижиле таа да има што е можно понормален живот, а ова дефинитивно било од голема помош. Целиот живот Џесика мечтаела да лета и со поддршката од родителите, успеала да стане првиот лиценциран пилот без раце.