Одлични трикови со кои ќе ја претворите старата облека во нови тренди парчиња
Во гардероберот сигурно имате многу парчиња облека кои не би ги носеле, без разлика дали бидејќи се стари или демоде. Нo, нема потреба да ги фрлате – на некои од нив можете да им дадете „втор живот“ и да ги претворите во тренди модни парчиња. Во ова видео можете да погледнете како да си направите здолниште од широка маица, како да направите фустан од широки панталони, како да направите модерна маичка од костим за капење и уште многу други одлични трикови.