Тупак и 4 славни личности кои си ја предвидоа смртта
Никој не знае кога и како ќе умре, но понекогаш изгледа како некои луѓе да го предвиделе ова. Иако се ретки, вакви случаи постојат и во светот на шоу-бизнисот. Можеби станува збор за чиста случајност, но тоа не ја прави целата ситуација помалку морничава. Раперот Тупак Шакур умре на 25-годишна возрат, откако беше застрелан од непозната личност. По неговата трагична смрт, фановите сфатија дека во неговите песни, раперот често зборува за смртта и насилството со оружје. Ова не звучи како некое предвидување, но во неговиот последен музички спот, снимен околу еден месец пред неговата смрт, има сцена каде што тој е застрелан и умира на пат до болница.