Станете од кревет што побрзо - утрински навики што ќе ви го направат денот многу подобар



Дали кога се будите наутро, најпрво го проверувате телефонот? Добро би било да се ослободите од оваа навика – нема потреба уште нерасонети да проверувате мејлови и да се изложувате на стрес. А, дали останувате во кревет дури и откако ќе се разбудите? За полесно да се расоните, добро би било веднаш да станете од креветот. Истовремено, најдобро е ако го местите креветот веднаш откако ќе се разбудите. Ова е навистина едноставна обврска што може да направи огромна разлика – сигурно ќе се чувствувате многу подобро кога просторот околу вас ќе биде среден.

The HWD Facebook commenting plugin is not published