Личен банкомат, брендирани чанти - луксузниот живот на кралицата Елизабета



Несомнено, кралицата Елизабета е една од најмоќните жени во светот. Се претпоставува дека нејзиното богатство изнесува околу 530 милиони, но ако ги земете предвид сите недвижнини што ги поседува, оваа бројка станува многу поголема. А, со толкава моќ и толкаво богатство, кралицата дефинитивно има раскошен живот. Само нејзиниот дом – Бакингемската палата – има 775 простории, од кои дел се отворени и за јавноста. Нормално, кралицата не живее сама во палатата – овде се сите нејзини помошници, вклучувајќи ги и 8-те лични готвачи. Елизабета има и импресивна колекција од скапи уметнички дела, а во палатата има и банкомат само за неа.

The HWD Facebook commenting plugin is not published