Спот во Скопје, со Илариа Кирилов и Македонец во режисерска екипа – Новата песна на Жељко Самарџиќ и Црвена Јабука



Долго најавуваниот дует помеѓу Жељко Самарџиќ и Црвена Јабука денес ја имаше својата премиера на YouTube. Спотот за песната на Самарџиќ и Црвена Јабука е снимен во 6 републики на просторите на поранешна СФРЈ,  делови од него се снимени во Скопје со нашата прекрасна Илариа Кирилов, а во режисерската екипа се најде и македонскиот режисер Даниел Јовески. Јовески работел на камера, дрон и постпродукција, а на својот Фејсбук профил сподели дека голема е честа да се работи со идолите од неговото детство и со еден од најдобрите режисери на српскиот пазар, Харис Дубица.  

spot-vo-skopje-so-ilaria-kirilov-i-makedonec-vo-rezhiserska-ekipa-novata-pesna-na-zheljko-samardjikj-i-crvena-jabuka-02.jpg

The HWD Facebook commenting plugin is not published