Изгледот е поважен од талентот - 10 мрачни тајни од музичката индустрија
Сигурно сте забележале дека во последно време, многу музичари се обидуваат да бидат независни, односно да не зависат од некоја продукциска куќа. А, се чини дека имаат многу добра причина за тоа. Сè повеќе музичари изјавуваат дека третманот што го добиваат од продукциските куќи е ужасен, па дури и дека се чувствуваат како нивни робови. Исто така, веќе станува јасно дека во музичката индустрија повеќе не е важен талентот – продуцентите им даваат предност на оние кои изгледаат подобро и најталентираните музичари речиси никогаш не се на врвот.