18 помалку познати факти за Титаник
Титаник е дефинитивно најпознатиот брод од историјата на човештвото, но не поради добра причина. На 15-ти април 1912-та година, после судир со санта мраз, бродот потона, а во несреќата загинаа огромен број луѓе. Овој трагичен настан стана инспирација за филмови, документарци и книги, но и речиси цел век после потонувањето, одвреме-навреме се случува да слушнеме некој нов факт за бродот. Во ова видео, пак, можете да дознаете за неколку вакви факти, што најверојатно не сте ги слушнале досега.