„Истражување на една мистериозна земја“ - познат јутубер со забавно видео од неговото патување во Македонија



Габриел, кој на YouTube е познат како Gabriel Traveler, објави навистина интересно видео од неговото патување во нашата држава. Јутуберот има посетено многу држави ширум светот и од секое патување прави видеа. Неговата авантура започнала во 1990-та, кога заминал на неговото прво патување во Европа, кога имал само 18 години. Најверојатно, Габриел ја посетил Македонија пред пандемијата, но видеото го објави дури сега. Вo 20-минутното видео ги вметнал нештата што му оставиле најголем впечаток во Македонија и навистина е интересно што повеќе се фокусира на природните убавини и културното наследство во државата, отколку вообичаеното разгледување на поголемите градови. Уживајте!

The HWD Facebook commenting plugin is not published