На што најмногу троши Џеф Безос - најбогатиот човек во светот?



Со богатство од над 200 милијарди долари, Џеф Безос се смета за најбогатиот човек на планетата. За него, 1 милион долари се како 100 денари, па сигурно ве интересира на што најмногу сака да троши. Безос е основач на Amazon и го поседува поголемиот дел од компанијата. Поради пандемијата, потрошувачите почнаа почесто да купуваат онлајн, па годинава Безос се збогати како никој досега. Тој дури ѝ даде 68 милијарди на поранешната сопруга, а не ги ни почувствува ефектите од тоа. Безос е сопственик на неколку огромни имоти, а поседува и цел ранч во Тексас. Познато е и дека сака автомобили, а има и свој приватен авион.

The HWD Facebook commenting plugin is not published