Џеј Ло и Малума танцуваат провокативно во новиот спот за сингловите „Pa Ti“ и „Lonely“
Џеј Ло некој период им најавуваше на фановите дека подготвува нешто ново, а после речиси една година, пејачката објави два нови сингла, во соработка со Малума. За сингловите Pa Ti и Lonely, Малума и Џеј Ло снимиле едно видео, поделено на два дела. Главните ликови се Џеј Ло и Малума во улога на вљубен пар, и како и секој спот на 51-годишната пејачка, кореографијата е одлична.