Што се случува со вашето тело кога јадете пред спиење?
Ако сте како повеќето, сигурно ви се случило да изедете голем оброк веднаш пред спиење. Веројатно и имате слушнато дека ова не е во ред, но сте се запрашале ли зошто? Ако изедете обилен оброк пред да си легнете, дефинитивно нема да се наспиете добро. Причината е тоа што наместо да се одмора, вашето тело ќе биде зафатено со дигестија на храната, па голема е веројатноста следното утро да се чувствувате уморно.