Како да препознаете дали вашиот соговорник ве лаже?
Кога не сте сигурни дали некој ви ја кажува вистината, секогаш можете да го прашате дали лаже, но најверојатно нема да ви признае. Па како тогаш да знаете дали вашиот соговорник кажува вистина, или лага? Неретко, ние не го контролираме говорот на телото, па токму тој може да издаде многу работи за нас, вклучувајќи и тоа дали кажуваме лага. Кога ќе знаете, пак, каков е говорот на телото на луѓето кои лажат, ќе можете да препознавате кога некој ве лаже. Ако, на пример, вашиот соговорник премногу гестикулира со рацете, постои голема веројатност да ви кажува лаги…