Како изгледа футуристичкиот дом на Бил Гејтс од 154 милиони долари?



Добро познат факт е дека голем дел од неговите 100 милијарди, Бил Гејтс ги користи за добротворни цели. Преку фондацијата што ја основаа со сопругата Мелинда, тој има спасено не илјадници, туку милиони животи. Но, Бил Гејтс сака да троши пари и на себе, па си го изгради футуристичкиот дом наречен Xanadu 2.0, кој денес вреди дури 154 милиони долари. Оваа огромна вила во Вашингтон е одличен спој на луксуз и технологија. Со 7 спални, 24 тоалети, огромен базен и приватна библиотека со тајни влезови, оваа куќа е како лавиринт што би сакал да го истражи секој. Во ова видео, пак, имате можност да погледнете како изгледа овој футуристички дом.

The HWD Facebook commenting plugin is not published