Анемија, многу стрес - што сè открива косата за вашето здравје?



Знаевте ли дека вашата коса може да открие многу нешта за вашето здравје? На пример, ако забележите дека ви паѓа повеќе коса од вообичаено, можеби треба да си ја проверите крвта. Ненадејното паѓање на косата некогаш може да биде знак за анемија. Ова е нарушување карактеризирано со намален број црвени крвни зрнца, поради ниското ниво на железо во крвта. Како резултат на нарушувањето, телесните ткива не добиваат доволно кислород, па се појавуваат симптоми како екстремен замор, а кај некои луѓе и паѓање на косата.

The HWD Facebook commenting plugin is not published