Градбата чини 5 милијарди долари - прошетка низ футуристичкото седиште на Apple
Apple е една од најбогатите компании во светот, па не е ни чудно што има седиште за чија изградба биле потрошени дури 5 милијарди долари. Целата зграда наликува на вселенски брод, а е сместена во Калифорнија. Кампусот е познат и како „Apple парк“ и е еден од најубавите во светот. Плановите за изградбата на ова седиште беа најавени уште во 2006-та, а за подготовките биле потребни цели 8 години. До 2014-та изградбата беше почната, а во 2017-та вработените се сместија во новите канцеларии. Во ова видео, пак, можете да погледнете како изгледа оваа футуристичка градба.