Колку се промени изгледот на Лејди Гага низ годините?
Уште кога првпат се појави на музичката сцена, Лејди Гага стана препознатлива по ексцентричните комбинации и сите фанови се прашуваа што ќе биде нејзиното следно модно изненадување. Лејди Гага е пијанистка која го вклучила овој инструмент во нејзините перформанси во Њујорк, пред да стане светска ѕвезда. Тогаш, пејачката имала долга темна коса и најчесто носела тесни панталони и високи штикли. Кога, пак, стана позната, таа можеше да си дозволи стилисти и повеќе експериментирање со изгледот, па досега ја имаме видено во буквално секакво издание. Погледнете го видеото и дознајте колку се променил изгледот на Гага низ годините.