„Одев зад ковчегот на мајка ми, додека ме гледаа милиони луѓе“ - Тажни детали од животот на принцот Хари
Можеби ние сме убедени дека штом Хари е роден во кралско семејство, мора да има прекрасен живот. Но, младиот принц се соочил со бројни предизвици и проблеми во текот на животот. Во 1997-ма, принцезата Дијана загина во сообраќајка, па на 12-годишна возраст, Хари остана без неговата мајка. Самиот има изјавено дека погребот бил уште полош – „Мајка ми само што умре, а јас требаше да одам зад нејзиниот ковчег, опкружен со илјадници луѓе кои ме гледаат. Мислам дека ниту едно дете не треба да го доживее тоа“. Целото искуство било толку трауматично за Хари, што тој почна да зборува на оваа тема дури неодамна…