Џенифер Анистон и 9 славни кои не сакаат да бидат родители
Некои луѓе сакаат да имаат деца, а некои не, и тоа е сосем во ред. Ова важи и за славните – некои едвај чекаат да станат родители, а некои не ни почнале да размислуваат на таа тема. Една од нив е и Џенифер Анистон. Актерката можеби некогаш ќе биде мајка, но засега нема такви планови. Таа дури и неколкупати се има огласено на оваа тема, најмногу бидејќи била гневна што другите очекувале да стане мајка. Според Џенифер, не е во ред што секоја жена чувствува притисок да биде мајка, дури и кога јасно им дава до знаење на сите дека тоа не ѝ е приоритет…