Позитива на денот: Бербери му пеат на детенце за да го смират додека го потстрижуваат



Одењето на фризер може да биде вистински кошмар за секое мало дете, особено ако му е првпат. Прашајте кој било фризер, и ќе ви каже за најмалку една ситуација кога некое дете плачело додека го потстрижувал. Ова се случило и во една берберница во Италија, но тамошните вработени веднаш нашле решение за проблемот. На видеото се гледа малото дете кое плаче додека го потстрижуваат, кога еден од берберите почнува да пее. Набрзо му се придружуваат и другите во салонот, па детенцето целосно заборава на стравот. Ова видео дефинитивно ќе ви го разубави денот.

The HWD Facebook commenting plugin is not published